Close Menu
Press24
    Најново

    Научници создадоа вештачки дијаманти за 2,5 часа

    02.04.2026 во 23:18

    Овој хороскопски знак влегува во период на големи промени

    02.04.2026 во 22:48

    Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог

    02.04.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Научници создадоа вештачки дијаманти за 2,5 часа
    • Овој хороскопски знак влегува во период на големи промени
    • Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог
    • ИДФ во акција: Убиен клучен стратег на иранските сили во прецизен напад
    • Филипче: Прашањето за ЕУ не е за власт или опозиција туку за иднината на државата
    • ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, не се грижи за ништо друго освен да си ја зачува фотелјата
    • Филипче: Обвинителот брутално извршува насоки од Мицкоски
    • Повторно раст на цените на нафтата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Научници создадоа вештачки дијаманти за 2,5 часа

    Научници создадоа вештачки дијаманти за 2,5 часа

    02.04.2026 во 23:183 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Природните дијаманти се формираат во текот на милијарди години под екстремни притисоци и температури длабоко под земјата. Синтетичките облици на скапоцениот камен можат да се произведат многу побрзо, но и тој процес обично сè уште бара интензивно обликување коешто трае до неколку недели. Тим истражувачи, предводен од Институтот за основни науки во Јужна Кореја, сега создадоа дијамант за 150 минути, со помош на новата технологија, објави „Сајенс алерт“ (Science Alert).

    Се работи за нов концепт за производството на синтетички дијаманти. Растворањето јаглерод во течен метал за производство на дијаманти не е ништо сосема ново. „Џенерал електрик“ (General Electric) го разви процесот пред половина век, користејќи на пр. стопен железен сулфид. Но, овие процеси сè уште бараа притисок од пет до шест гигапаскали и делче од дијамант на коешто јаглеродот ќе може да се залепи.

    „Откривме метод за обликување дијамант при понизок притисок и на умерени температури, со помош на легура на течен метал… Општ пристап со употреба на течни метали би можел да го забрза и подобри растењето на дијамантите на различни површини, а можеби дури и да го олесни растењето на дијамант на мала честичка од дијамантско семе“, се вели во научниот труд.

    Намалувањето на притисокот е постигнато со употреба на внимателно составена мешавина од растопени метали – галиум, железо, никел и силициум. Внатре во графитното куќиште е создаден вакуумски систем којшто многу брзо го загрева, а потоа го лади металот додека е изложен на комбинација од метан и водород. Овие услови предизвикуваат јаглеродните атоми од метанот да се прошират во стопениот метал, дејствувајќи како „семе“ за дијамантите. По само 15 минути, мали фрагменти од дијамантски кристали се екструдираат од течниот метал веднаш под површината, додека два и пол часа изложеност создадоа континуирана дијамантска лента.

    Иако концентрацијата на јаглерод којшто создава кристали е намалена на длабочина од само неколку стотици нанометри, истражувачите очекуваат дека процесот може да се подобри со неколку измени.

    „Претполагаме дека едноставните модификации би можеле да овозможат растење на дијаманти на многу голема површина со користење на поголема површина или конфигурирање на грејните елементи за да се постигне многу поголема потенцијална област на растење и распределба на јаглеродот во таа област на некои нови начини“, пишуваат истражувачите.

    Истражувањето на овој процес е сè уште во рана фаза, но авторите на новата студија веруваат оти тоа има голем потенцијал – и дека би можеле да се вклучат и други течни метали за да се постигнат слични или подобри резултати. Процесот што денес се користи за создавање синтетички дијаманти – коишто се користат во голем број индустриски процеси, електроника, па дури и кај квантните компјутери, трае неколку дена и бара многу поголем притисок. Доколку оваа нова техника го исполни својот потенцијал, производството на дијаманти ќе стане многу побрзо и многу полесно.

    Популарно

    Научници создадоа вештачки дијаманти за 2,5 часа

    02.04.2026 во 23:18

    Овој хороскопски знак влегува во период на големи промени

    02.04.2026 во 22:48

    Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог

    02.04.2026 во 22:32

    ИДФ во акција: Убиен клучен стратег на иранските сили во прецизен напад

    02.04.2026 во 22:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.