Научници: Климатските промени ги направија десетте најсмртоносни екстремни временски настани
Климатските промени предизвикани од човекот ги направија десетте најсмртоносни екстремни временски настани во последните 20 години поинтензивни и најмалку двојно поголеми шанси да се случат, според новата анализа на научниците од групата World Weather Attribution (WWA) од Империјалниот колеџ во Лондон.
Бурите, топлотните бранови и поплавите кои ги погодија Европа, Африка и Азија во последните две децении, убиле повеќе од 570.000 луѓе, пишува Би-Би-Си.
„Оваа студија треба да ги отвори очите на политичките лидери кои се држат до фосилните горива кои ја загреваат планетата и уништуваат животи. Ако продолжиме да гориме нафта, гас и јаглен, страдањето на луѓето ќе продолжи“, рече Фридерике Ото, ко-основач на WWA.
Истражувачите се фокусираа на 10-те најсмртоносни временски настани регистрирани во Меѓународната база на податоци за катастрофи од 2004 година. Најсмртоносниот настан во изминатите две децении беше сушата во 2011 година во Сомалија, за која се смета дека загинаа повеќе од 250.000 луѓе.
Истражувачите открија дека недоволните врнежи што доведоа до сушата беа поекстремни поради климатските промени. На списокот е и топлотниот бран што ја погоди Франција во 2015 година и при кој загинаа повеќе од 3.000 луѓе, а истражувачите велат дека високата температура е двојно поверојатна поради климатските промени.
На списокот се и европските топлотни бранови од 2022 година кога загинаа 53.000 луѓе и 2023 година кога животот го загубија 37.000 луѓе.
Овие настани би биле невозможни без климатските промени, велат научниците во студијата. Се додава дека климатските промени го зголемиле интензитетот на смртоносните тропски циклони кои го погодија Бангладеш во 2007 година, Мјанмар во 2008 година и Филипините во 2013 година.
„Големиот број на смртни случаи што постојано ги гледаме во екстремни временски услови покажува дека не сме добро подготвени за затоплување од 1,3 степени Целзиусови, а не пак од 1,5 степени или 2 степени“, рече Руп Синг, од Центарот за клима на Црвениот крст и Црвената полумесечина поддржан од WWA.
Таа рече дека студијата ја покажала потребата сите земји да градат отпорност на климатските промени и предупреди дека рекордните екстремни временски настани ќе се зголемат како што планетата се загрева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа