НАТО: Победата на Евровизија ја покажува поддршката од јавноста за Украина

 

Победата на Украина на Евровизија покажува огромна јавна поддршка за земјата нападната од Русија, изјави денеска заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.

„ Вчера видовме огромна јавна поддршка низ Европа… Се разбира, песната беше фантастична, фантастична е“, рече тој пред вториот ден од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата во Берлин.

Тој додаде дека Русите ја започнале најбруталната и цинична војна од Втората светска војна.

15.05.2022 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега