НАТО: Ги исцрпивме резервите на оружје и муниција поради Украина, мора да произведуваме повеќе

НАТО исцрпи значителен дел од залихите и муницијата и треба да го зголеми производството за да може да и’ помогне на Украина на долг рок, изјави денеска за CBC генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Рече дека земјите-членки треба да бидат подготвени да платат повисока цена за енергетските производи, како и други економски последици, за да се зајакне украинската одбрана.

„Мораме да запомниме дека цената ја плаќаме во пари, а Украинците ја плаќаат со животи и крв, секој ден. Наша обврска е да ги поддржиме“, рече Столтенберг.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, членките на НАТО испратија значителни количини оружје и муниција во Украина. Минатиот петок главната украинска одбранбена компанија Укроборонпром објави дека Полска, Чешка, Франција, Данска и други членки на НАТО заедно со Украина ќе произведуваат тешко оружје и друга воена опрема.

21.11.2022 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега