Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва објави дека новите избори во Србија би можеле да се одржат во периодот помеѓу крајот на септември и средината на ноември годинава.
Тој упати јавен повик за разговори со политичките противници, изразувајќи скептицизам дека тие ќе ја прифатат оваа иницијатива.
„Ќе ги поканиме на дијалог, но тие нема да се согласат бидејќи немаат ниту еден аргумент. За што ќе разговараат? Нема да можат да разговараат за Косово и Метохија, ниту за санкции против Русија, ниту за градење на нешто. Ги поканувам на дијалог со или без камери, и што и да е, само нека дојдат“, рече Вучиќ.
Според српскиот претседател, во моментов отсуствуваат сериозни аргументи за дебата околу клучните национални и економски теми во земјата.


