Насилство во Скопје: Група од десетина лица во рок од 20 минути извршиле два напади врз млади лица
Вчера во СВР Скопје е пријавено дека околу 16.20 часот во Скопје, на подрачје на Центар, Х.А.(22) и Е.К. (21) од Скопје биле физички нападнати од група од десетина лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Исто така, околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар група од повеќе лица физички нападнале 17-годишен малолетник од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
24.10.2024 - 16:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа