НАСА поради бура ќе го одложи лансирањето на ракетата Артемис 1 на Месечината

НАСА ќе го откаже лансирањето на новата ракета „Артемис 1“ на Месечината бидејќи на американската сојузна држава Флорида и се приближува тропската бура Јан.

Лансирањето на најмоќната ракета на американската вселенска агенција беше закажано на 27 септември.

Помошникот администратор во Дирекцијата за развој на истражувачки системи на НАСА, Џим Фри соопшти дека доколку се подобрат условите, постои можност сепак да се случи лансирањето.

25.09.2022 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа