Close Menu
Press24
    Најново

    Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%

    24.03.2026 во 10:59

    Најскапиот стан во Македонија продаден за 166.500€ – Куќа за 1.500.000€

    24.03.2026 во 10:56

    (ВИДЕО) „Скапо ќе го платите ова“ – Џамбазов жртва на интернет криминал

    24.03.2026 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%
    • Најскапиот стан во Македонија продаден за 166.500€ – Куќа за 1.500.000€
    • (ВИДЕО) „Скапо ќе го платите ова“ – Џамбазов жртва на интернет криминал
    • Мицкоски: Владата навремено реагираше за ублажување на директните удари врз граѓаните и економијата
    • Енергетски шок во Словенија: Армијата помага со снабдувањето со гориво, цените вртоглаво растат
    • Ревизорите најдоа неправилности во работата на ДИК – Повеќе од 129 милиони денари пренасочени за политичко рекламирање
    • Комунална хигиена-Скопје работи со полна пареа – Отстранети диви депонии на Пластичарска и во Старата Чаршија
    • Овие 6 хороскопски знаци се најголеми зависници од телефоните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%

    Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%

    24.03.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Извршниот одбор на Народната банка (НБ) денеска одржа редовна седница и одлучи да ја задржи основната каматна стапка на 4%. На седницата беа разгледани најновите податоци за светската и домашната економија, како и движењата на финансиските пазари, во контекст на монетарната политика.

    НБ информира дека на аукцијата на благајнички записи на 25 март ќе се понудат 36 милијарди денари, а идните аукции ќе се определуваат според ликвидносната позиција на банкарскиот систем. Досегашните мерки за задолжителна резерва и макропрудентни мерки обезбедуваат дополнителна поддршка за претпазливата политика на централната банка.

    Одлуката за каматната стапка се носи во услови на зголемена светска неизвесност поради воениот конфликт на Блискиот Исток, кој веќе влијае врз цените на енергенсите и снабдувањето со нафта. Во вакви услови, ЕЦБ ја задржа каматната стапка, ревидирајќи ја инфлацијата нагоре, а растот надолу.

    Во домашната економија, инфлацијата продолжува да забавува и во февруари достигна 2,9%, додека базичната компонента на инфлацијата е послаба од очекуваното. Сепак, ризиците се зголемени поради светските настани и можните нарушувања на снабдувањето со енергенти.

    На крајот на февруари 2026 година, девизните резерви изнесуваат 5,558 милиони евра, што обезбедува стабилност на курсот на денарот. Домашната економија се покажа отпорна и забележа раст од 3,5% во 2025 година, со солидни остварувања во извозот и домашните инвестиции.

    Движењата во монетарниот сектор се стабилни: депозитите растат, а кредитната активност се зголемува умерено. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи економската ситуација, надворешните и домашните ризици, и е подготвена да презема мерки за зачувување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок.

    Популарно

    Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%

    24.03.2026 во 10:59

    Најскапиот стан во Македонија продаден за 166.500€ – Куќа за 1.500.000€

    24.03.2026 во 10:56

    (ВИДЕО) „Скапо ќе го платите ова“ – Џамбазов жртва на интернет криминал

    24.03.2026 во 10:56

    Мицкоски: Владата навремено реагираше за ублажување на директните удари врз граѓаните и економијата

    24.03.2026 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.