Наредните денови стабилно, во недела пороен дожд и грмежи

УХМР соопшти дека времето во наредните денови ќе биде стабилно. Утре и во петок се прогнозираат ниски утрински температури за овој период од годината. Дневните температури од сабота ќе бидат значително повисоки, а локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
ќе има во недела.

Утре утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 16 до 26.

Во петок максималната температура ќе биде 29, а во сабота и недела 33 степени. 

18.05.2022 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега