Наплатните пунктови на „Водовод“ во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на услугите дека на денеска шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 07:30 до 14:00 часот, а на 30 ноември 2023, четврток, од 09:00 до 14:00 часот.
Наплатните пунктови во Сарај, Шуто Оризари и Лисиче, нема да работат.
Со редовни работни активности и редовно работно време се продолжува на 1 декември 2023, петок.
Оваа одлука е во согласност со заклучоците донесени на 199 седница на Владата на Република Северна Македонија, поради одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември 2023 година во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа