Напиток од само три состојки, го зајакнува имунитетот и помага при слабеење
Овој напиток од само три состојки е одличен прочистувач на организмот, го зајакнува имунитетот, вкусен е и едноставен да се направи. Исто така го поттикнува метаболизмот, а покрај тоа успешно делува и кај оние кои внимаваат на исхраната и се на одредена диета.
Ѓумбирот е силен антиоксиданс, кој ја поттикнува работата на црниот дроб и одличен е за детоксикација на организмот. Покрај тоа помага при надуеност и го забрзува метаболизмот. Лимонот од друга страна, делува како диуретик, кој го помага исфрлањето на токсините од телото.
Она што ви е потребно за подготовка на овој напиток е 300 мл вода, на собна температура, исцеден сок од половина лимон и корен од ѓумбир (за една чаша напиток, парче од околу 1 сантиметар).
На исцедениот лимон и ситно наренданиот ѓумбир додадете му чаша вода (може да биде и млака). Напитокот оставете го малку да отстои, а потоа можете да го испиете.
Овој напиток можете да го пиете како детоксациона подготовка за диета, или како здрава утринска голтка, која ќе ви го исчисти организмот од токсини. По желба може да го засладите со малку мед.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа