Напаѓачот во домот за сиропиталишта во Полска имал 19 години, убил малолетно девојче, ранил неколку

 

 

Злосторство во Полска се случило во текот на ноќта кога 19-годишен маж упаднал во сиропиталиште и нападнал деца на возраст од 12 до 16 години, како и чувар.

Од повредите почина 16-годишно девојче од Домот за незгрижени деца во градот Томиславце, а според првичните информации се работи за напад со нож, јавуваат полските медиуми.

„Добивме пријава во 23 часот и 15 минути. За жал, едно лице почина, а пет се хоспитализирани. Други седум од нив побарале психолошка помош. Сторителот најверојатно не е од оваа институција“, изјави Јакуб Стејбах од Противпожарната бригада.

Повредените не се во животна опасност и се во болница.

Полицијата го уапсила напаѓачот во текот на ноќта. Станува збор за 19-годишен маж од Варта кој претходно не и бил познат на полицијата. Бил тестиран за алкохол и психоактивни супстанци.

Инспекторите се обидуваат да ги откријат околностите на овој настан.

10.05.2023 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега