Нападнат судија во Гостивар: Две лица обвинети за попречување на правдата
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Попречување на правдата предвидено во член 368-а став 5 од Кривичниот законик.
На 30 септември, во семејната куќа во која живееле двајцата роднини, тие како соизвршители спречиле судија на Основниот суд Гостивар да презема дејствија предвидени во постапка пред надлежен суд. Судијата вршел увид и преземал службени дејствија за прибирање докази за предмет во вонпранична постапка, кога двајцата осомничени употребиле сила за да го спречат и започнале да го туркаат. Судијата се повлекол во автомобилот заедно со шоферот и дактилографот, по што осомничените во два наврати се обиделе насилно да ја отворат вратата од возилото за да го нападнат.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз постапката или да го повторат делото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа