Украински беспилотни летала вчера нападнаа база на руските специјални сили „Ахмат“ и зграда на разузнавачката служба ФСБ во Чеченија, во очи на најавените мировни преговори во Москва.
Базата на елитната паравоена единица „Ахмат“ (лично лојална на Рамзан Кадиров и активно вклучена во борбите во Украина) беше погодена од силна експлозија. На снимките се гледа густ чад и пламен над комплексот.
Дрон ја оштети и канцеларијата на ФСБ.
Нападнат е и танкер под руско знаме што превезувал сончогледово масло, што е четврти ваков инцидент покрај турскиот брег за една недела.
Иако Украина официјално не презеде одговорност за ниту еден од нападите, тие се случуваат во време на засилени дипломатски напори.
Специјалниот претставник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, вчера пристигна во Москва на неговата шеста средба со Владимир Путин оваа година. Истовремено, украинскиот претседател Володимир Зеленски е во посета на Ирска, по средбата со Емануел Макрон, во обид да обезбеди дополнителна поддршка од европските сојузници.
Во меѓувреме, руска балистичка ракета погоди индустриска зона во Днепар, при што загинаа четири лица, а 40 беа ранети.

