Нано Ружин: Дипломатија „чекор по чекор“ со Бугарија ќе ги даде резултатите
Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Нано Ружин смета дека новиот пристап во преговорите со Бугарија ќе даде резултати. Во интервју за Прес 24, вели дека некои од решенијата ќе бидат болни и за Македонија, но и за бугарските националисти,
-Реално е да се повлече бугарското вето, а дел од проблемите да се одложат за подоцна.
Оваа дипломатија „чекор по чекор“ ке ги даде резултатите. Радев е стар лисец и секогаш оди на максималистички нивоа за да добие што повеќе, но и тука постојат нашите црвени линии. Идентитетот не е за прегиварање, вели Нано Ружин во Интервјуто за Прес 24.
-Во дипломатијата опцијата вин-вин не постои или ако дојде до таков епилог тоа не се преговори туку политиа од позиција на сила. Во дипломатијата постои сценариото вин- лост како што беше случајот со Грција. И двете страни не се целосно задоволни, но сепак најдено е решението, потенцира поранешниот амбасадор.
Според него досега македонски хендикеп било и тоа што во Софија долго време нема амбасадор и тоа место треба бргу да биде пополнето. Како тој го гледа профилот на идниот македонски амбасадор во Бугарија.
-Млад или стар сеедно, но да не е со националистичи идеји и да и робува на историјата. Да е динамичен да има смсила за хумор да е флексибилен, да има уметничка дарба и да го разбира Балканот, вели универзитетскиот професор Нано Ружин во интервјуто за Прес 24.
Во него зборува и за геополитичките состојби на кризата во Украина, а прави и прецизна слика за однсите на Украина и Русија.
ПРЕС24: Состојбата околу Укарина се комплицира, колку се тоа реално може да се претвори во отворен конфликт, а колку тензија на подолг рок?
РУЖИН: Во Украина постојат две геополитички точки околу кои се судираат интересите на Русија и САД. Тоа се Крим и делови од Југо-Источна украина (Луганск и Домбас) населени со русофони. По осамостојувањето на Украина, Русија го поништи Договорот од 1954 за отстапување на Крим на Украина и иницира граѓаните на Крим (мнозинство русофони да прогласат независност. Прогласија независност пред Украина да прогласи независност, инаку Крим поседуваше автономен статус во рамките на Украина.
Главната причина за дестабилизација на Украина е ривалитетот помеѓу Украинците и Русофоните односно обидот на Русофоните преку Јанукович поранешен претседател на Украина (2010-2014) да го прогласи рускиот јазик за втор официјален јазик на Украина. Предлог на Законот доведува до тепачка во парламентот во 2012. Во 2013 Јанукович одбива да го потшише договорот за Асоциација и стабилизација со ЕУ, инаку политика на Путин за да оневозможи премногу уплив на Западот и влијание врз Белорусија и Русија.
Јануковиќ беше протеран, привремен претседател стана Турчиновскиа подоцна на изборите победи Порошенко за на последниве избори победи русоонот и евреј Зелински. Настаните од 2014 кога беше протеран Јанукович предизвика реванш од страна на Москва. Кримските русофони подржани дискретно од руската армија го анектираа Крим без никаков воен судир. Водено Русофоните од Југо-Исток (68-70% се Русофони) ги зазедоа администреивните центри во Домбас и Луганск. Дискретно беа подржани од руската армија. Во септмвери 2014 потпишан е договорот од Минск со кој се предвидуваат повеќе реформи од кои најважна е онаа за федерализација и употребата на рускиот јазик. Меѓутоа Украина избегнува да го имплементира овој договор бидејќи на тој начин слично на Дејтонска БиХ, Русифините секогаш ќе бидат против влезот на Украина во ЕУ и особено НАТО.
Во заледениот конфликт досега загинаа 15 000 луѓе на двете страни. За Украина која е во голема економска криза оваа состојба не е дозволива, и настојува да ја обедини државата, меѓутоа тоа е тешка задача.
Во време на енергетската криза, и во периодот кога Русија настојува да го доврши Северниот ток, односите екслираат. Забележано е концентрирање на руски сили на границите со Украина, но тие и така поседуваат огромен број на бази и вообичаено вршат вежби. Сепак овие маневри предизивикаа вознемиреност на Пентагон, која е изгледа поголема отколку во Киев. Зад американската политика веројатно се кријат голем број геополитички и геостратешки влогови исто како и зад руската. САД настојува да покаже дека е најмоќна светска сила, додека Русија да потсети на некогашната нејзина величина од времето на Студената војна. Сепак никој не верува дека е можна дирекна ескалација помеѓу НАТО и Русија.
Факт е дека Западните сојузници и даваат подршка на Украина и на САД, но сепак постои голема резервираност отколу отпочнување на воен директен судир меѓу големите сили.
ПРЕС24: Она што засега е се уште неизвесно е улогата на НАТО. Кои се Вашите проценки каков став ќе заземе НАТО?
РУЖИН: За да дојде до реакција на НАТО потребно е целосен консенсус за интервенција. Во овој миг Франција и Германија не се за било какви воени интервенции, особено што се работи за геостратешки простор кој не е опфатен со чл. 5 од Вашингтонскиот договор според кој секоја нападната членка на НАТО ќе се смета за напад врз самиот НАТО. Иако
НАТО ја нападна СР Југославија во 1999 тогаш беше постигнат целосен консензус помеѓу членките на Алијансата што не беше случај со интервенцијата на САД во Ирак што се сметаше за унилатерален чин.
ПРЕС24: Кога е НАТО во прашање, рефлексиите се интересни кон Македонија, но и кон овој балкански регион. Ајде прво за Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Грција. Од сите овие членки на НАТО, најкарактеристични се односите на Москва кон Софија. Како според Вас Бугарија би се поставила?
РУЖИН: Бугарија е на самата линија на стратешкиот котел - Црното море. Секако дека како челнка на Алијансата доколку хипотетички дојде до воен судир, Бугарија ќе биде на страната на НАТО исто како и останатите членки, но во овој миг повеќе се работи за пропаганда, закани политика на deternce и soft power отколку hard power и отворен судир.
Друго е прашањето со состојбите на јавното мислење. Тоа е против војна, а искуствата со „бојните отрови“ на Садам се јасни индикатори дека народите не сакаат војни особено не на оваа територија која е напатена и намачена со војни.
ПРЕС24: Една изјава на македонската министерката за одбрана предзвика лавина рекации во врска со оваа криза. Има ли потреба Македонија во оваа ситуација да декларира свои ставови?
РУЖИН: Македонија нема потреба во овој миг да се изјаснува за така големи геостратешки движења во светот. Јасно е дека како членка на Алијансата ќе бидеме со НАТО. Министераката е новодојден функционер на многу висока позиција, и не е корекно да се критикува во првите сто дена од мандатот. Таа само ја следела логиката на размислување, како држава членка на НАТО.
ПРЕС24: Во каква ситуација Македонија би испратиле војници ако тоа се побара од нејзе?
РУЖИН: Тоа би било некое симболично учество во мировна мисија. АРМ не поседува некоја софистицирана техника, но затоа нашата територија е коридорот низ кој поминуваат авионите на Алијансата. Доколку работите дехрадираат во што не верувам, и доколку НАТО постигне консенсус во однос на Украина, тогаш ние како членка сме должни да учествиваме во воените операции,
ПРЕС24: Во поглед на македонските евроинтеграции. Новата власт во Бугарија и новиот прмиер во Македонија внесуваат нов начин на врање на довербата. Колку ова се може да даде резултат?
РУЖИН: Дипломатијата е уметност. Треба да сте подготвени и на неуспех и на успех или на половичен успех – најчесто. Во дипломатијата опцијата вин-вин не постои или ако дојде до таков епилог тоа не се преговори туку политиа од позиција на сила. Во дипломатијата постои сценариото вин-лост како што беше случајот со Грција. И двете страни не се целосно задоволни, но сепак најдено е решението.
Петков внесе нови содржини во преговоритре, а тоа со успех го проследи и Ковачевски. Дадени се шест месеци за да се решат проблемите. Некои ќе бидат болни и за нас, но и за бугарските националисти. Треба да се продолжи со позитивна енергија и убеден сум на успех.
ПРЕС24: Сепак болните прашања ќе останат за решавање. Претстедателот Радев вели дека од оние 4 + 1 точка треба да се види што може да се решава сега, а што на подолг рок. Реално ли е да се очекува дека јуни е можен термин за повлекување на бугарското вето?
РУЖИН: Реално е да се повлече бугарското вето, а дел од проблемите да се одложат за подоцна. Оваа дипломатија „чекор по чекор“ ке ги даде резултатите. Радев е стар лисец и секогаш оди на максималистички нивоа за да добие што повеќе, но и тука постојат нашите црвени линии. Идентитетот не е за прегиварање, тука мсилам на јазикот.
ПРЕС24: Македонија се уште нема амбасадор во Софија, колку тоа беше хендикеп во досегашните преговори?
РУЖИН: Секогаш е хендикеп кога немате амбасадор со оглед дека постојат разни протоколарни традиции, пресеанси, средби со други амбасадори на ЕУ и САД и на останатите од регионот. Тоа е голем недостаток и мора да се реши особено што догодина СМ ќе претседава со ОБСЕ.
ПРЕС24: Каков профил на амбасадор е потребен во Софија?
РУЖИН: Млад или стар сеедно, но да не е со националистичи идеји и да и робува на историјата. Да е динамичен да има смсила за хумор да е флексибилен, да има уметничка дарба и да го разбира Балканот.
ПРЕС24: Минатата недела се појави информација дека МНР со интерен оглас бара амбасадори за неколу испразнети места. Колку е тоа добар чекор?
РУЖИН: Тука сум со поделено мислење. Од една страна тоа е игра на среќа, а од друга заради партиските тесноградиости, многу кавлитетни луѓе кои се способни не можат да бидат амбасадори.
ПРЕС24: Во Македонија по локалните избори, кои власта ги загуби, Заев се повлече од политиката. Опзоицијата притиска за предвремени избори. Дали промените направени во СДСМ, можат да му гарантираат на Димитар Ковачевски шанса за успех на следните избори?
РУЖИН: Засега се уште не може ништо поптрецизно да се прогнозира. Сепак од оние настапи на Ковачевски можеме да бидеме наполно задоволни. Има добар тим и да се надеваме дека оваа екипа успешно ќе одговори на обврските. Предвремените избори се илузија. Доста му е на народот од избори, манифестации, митинзи, навреди, црни кампањи. Власта и опозицијата пожелно е повеќе да соработуваат и заемно да се информираат за добро на високите вредности на нашето општество. Но изгледа дека овие државнички квалитети се уште се реткост во Северна Македонија. Да се надеваме дека ќе имаме една поуспешна дипломатска 2022.
Интервју со Нано Ружин - Универзитетски професор и поранешен амбасадор
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа