Наместо во изолација, се заканувал на докторка: Еден од шестмината приведени по синоќешниот инцидент во ГОБ „8 Септември“ позитивен на Ковид 19
Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера изби во болницата „8 Септември“.
Од МВР информираат дека еден од приведените за вчерашниот инцидент бил позитивен на корона вирус и имал решение за самоизолација.
Според пријавеното, еден од синовите на починатата кој сакал насилно и без почитување на протоколите да го земе телото на неговата мајка бил позитивен на коронавирус, но наместо во изолација, тој дошол пред болницата. Против него ќе биде поднесена и кривична пријава.
-Вечерва во 19:00 часот лекари од Ковид центар во ГОБ „8 Септември“ пријавија дека од страна на неколку лица добивале сериозни закани по живот, а причина било тоа што лицето Б.Ф.починала во болницата, а истата била позитивна на Ковид 19. По излегување на лице место затекнати се лицата Б.Ш. (32) Б.С. (29), инаку синови на починатата, кои сакале насилно да го земат телото на починатата,соопштија вчера вечер од полиција.
Инцидентот го осуди минситерот Венко Филипче, кој побара надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа