Наместо да трошите цело богатство, спасете се од брчките на природен и евтин начин- домашни рецепти кои ќе ви заштедат пари

Наместо да давате огромни суми на пари за козметички производи кои ветуваат дека ќе ви помогнат да ги отстраните брчките, обидете се тоа да го сторите со „домашни лекови“ против брчки. Ако ништо друго, барем ќе заштедите многу пари.

Белка од јајце – Изматете3 белки од јајце и нанесете ги на лицето. Оставете да делуваат најмалку 15 минути, за да може да делуваат витамините Б и Е. Исплакнете го лицето со млака вода и веднаш ќе забележите дека вашата кожа е помека и помазна.

Маслиново масло – Природното маслиново масло може да и помогне на вашата кожа да остане мека и еластична. Нежно измасирајте го лицето со неколку капки маслиново масло секоја вечер пред спиење. Потоа исплакнете го лицето и избришете го со мека крпа.

Масажа – користете го вашиот омилен благ лосион и секојдневно масирајте го лицето по неколку минути. Фокусирајте се на проблематичните области како што се на вратот, регионот под очите и челото.

Овошје и зеленчук – свежото овошје и зеленчук се полни со витамини А и Д, кои и помагаат на кожата да изгледа сјајна и здрава.  Затоа секојдневно конзумирајте овошни  салати, свежо исцедени сокови и свеж или обарен зеленчук.

Сок од лимон – лимоновиот сок содржи киселина која ја прави кожата посветла и ги намалува брчките. Масирајте го лицето со сок од лимон секоја вечер пред спиење и набрзо ќе ги забележите позитивните резултати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега