Наместо да лежи во ќелија, арачиновец со моторцикл настрадал во сообраќајка

 

Затвореник од КПУ Идризово, наместо да ја одлежува казната, направил сообраќајка со моторцикл, а се здобил и со тешки телесни повреди .

Вчера во 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лазар Трповски“ со ул.„Методија Митевски“се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „рено“, управувано од Б.М.(39) од Скопје и мотоцикл „априлиа“, управуван од Р.Ј.(28) од с.Арачиново, Скопско, двете возила со скопски регистарски ознаки, извести МВР.

Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во комплексот клиники  „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, додека во увидот се приклучил и заменик заповедник од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради тоа што лицето Р.Ј. издржувал затворска казна.

30.05.2023 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега