Намалена казната на таткото кој со пластична кеса го задуши четиригодишното девојче: Од 24 години, бразилскиот суд му ја намали на 18 месеци

 

На таткото, кој беше осуден на 24 години затвор бидејќи со најлонска кеса ја задушил својата четиригодишна ќерка Софија, казната значително му е намалена.

Во повторното судење на готвачот Рикард Краус казната му беше намалена на 18 месеци затвор откога судиите заклучија дека тој немал намера да ја убие својата ќерка.

Новото рочиште ги укина првичната пресуда и казната од 2018 година, пренесуваат медиумите во светот.

Неговата ќерка Софија почина во семејната куќа во Јабаквара, во јужната зона на Сао Пауло, Бразил, во 2015 година.

Во тоа време само таа и татко ѝ биле дома, а судиите на првичното судење ја отфрлија одбраната дека таа починала додека си играла со чантата.

Судиите сега го прифатија мислењето за убиство од небрежност и го осудија Краус на само 18 месеци и 20 дена затвор.

Судот утврдил дека тој немал намера да ја убие својата ќерка.

Но, мајката на Софија, Лигија Кисаџикиан Канчио, ја критикува одлуката, а Обвинителството веднаш поднесе жалба.

„Нашето семејство е многу тажно и не чувствуваме дека правдата е задоволена во овој случај. Не сме задоволни од одлуката, но решивме да се жалиме и сакам да кажам дека ќе продолжам да се борам за правдата“, изјави мајката.

Софија беше пронајдена задушена со најлонска кеса над главата во семејната куќа во декември 2015 година.

05.06.2023 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега