Најуспешните коцкари во историјата

 

Коцкањето е вид на забава кој има корени уште од антиката. Денес, со помош на интернетот, оваа забава е уште подостапна. Илјадници корисници на онлайн казина во Македонија и светотот се забавуваат со slot kazino igri базирани на класични слот машини, игри на маса, игри со дилери во живо итн.

Се разбира, без разлика на начинот на кој играат, некои играчи се поуспешни од останатите. Во историјата на коцкањето постојат примери на многумина кои успеале да го сменат својот живот со помош на овие забавни игри. Во овој текст ќе се осврнеме на најуспешните меѓу нив.

Арчи Карас

Арчи Карас, односно Анаргирос Николас Карабурниотис, е познат по она што меѓу коцкарската заедница се нарекуа “Низата”. Овој поим се однесува на она што се смета дека е најдолгата низа на победи во историјата на коцкањето.

Кога Арчки пристигнал во Лас Вегас во декември 1992, тој имал само 50 долари во џебот. Тогаш се решил да позајми 10,000 долари. За само три години, тој не само што го исплатил заемот, туку на својата смртка имал повеќе од 40 милиони долари.

Неговата авантура започнала со играње билјард за пари. Така освоил 1.2 милиони долари. Потоа започнал со играње на покер во познат хотел во Лас Вегас каде освоил уште неколку милиони долари.

Карас потоа се решил за играње крепс, игра со коцки во која обложувал и до 300,000 долари во една рунда. Неговиот храбар стил и обложување на исходи кои другите ги избегнувале го направиле Карас легенда во овие кругови.

За жал, во 1995 Карас го изгубил целото свое богатство откако среќата почнала да му го врти грбот. Добро е тоа што живеел уште речиси 20 години по овој неуспех. Животот на Арчи Карас е уште една поука за оние кои сакаат да се коцкаат – одговорното коцкање е единствениот правилен начин за забава.


Едвард Торп

Следен на нашата листа на најуспешни коцкари во историјата е Едвард Торп. Интересно за него е што тој всушност е Американски професор по математика. Тој има започнато вистинска револуција во коцкањето благодарение на техниката позната како броење карти.

Во својата книга која ја има издадено во 1962 година наречена Победи го Крупието, тој докажа дека успехот во блекџекот е речиси загарантиран доколку го следите соодносот на картите. Торп ги тестриал своите теории во многу казина каде започнувал со баланс од 10,000 долари. Тој успеал да ги дуплира средствата во текот на еден викенд.

Покрај блекџек, Торп ги применил своите вештини во рулет и бакара користејќи ја математиката да ги сврти шансите во своја корист.

Подоцна, овој професор по математика се фокусирал на тргување со акции на Вол Стрит. За разлика од Карас, Торп својот успех му го должи на конзистентното играње со пресметани добивки на долг рок.

Со помош на својот пристап, доби место во куќата на славните играчи на блекџек. Неговата интелектуална тактика ја трансформираше стратегијата на многу коцкари. Таа докажа дека вештините понекогаш се поважни од среќата, барем кога се работи за одредени видови игри.

Џон Хејвуд

Приказната на Џон Хејвуд е малку поинаква. Имено, во неговиот случај не се работи за некој ветеран или пак професионален коцкар, туку за обичен човек со огромна среќа. Поточно, еден момент на среќа го сврте неговиот живот за 180 степени.

Во октомври 2015-та година, кога Џон имал 26 години, се решил да отвори кориснички налог во онлајн казино. Тој направил депозит од 30 фунти (околу 50 долари) и започнал со играње на Mega Moolah онлајн слотот од Microgaming. Ова е познат онлајн слот со прогресивен џекпот.

Само 25 минути подоцна, по еден од неговите облози вредни само четврт фунта, Џон го освоил главниот џекпот вреден неверојатни 17 милиони долари. Овој износ се најде во Гинисовата книга не рекорди како нависока исплата од страна на онлајн слот во тоа време.

Хејвуд изјавил дека се решил да го избере Mega Moolah само заради интересната графика, а не поради некакво знаење. Дополнил и дека се загледал документарец на телевизија додека играл, па и не обрнувал внимание што конкретно се случува на екранот од неговиот компјутер.

Не постојат информации за тоа дали Хејвуд продолжил со коцкање по оваа импресивна добивка. Според некои извештаи, тој дел од своето богатство решил да го искористи на работи кои навистина му биле потребни како на пример да му пружи соодветна здравствена помош на својот татко на кого му била потребна трансплантација на срцето. Но, исто така си купил и Бентли, а на својот пријател му подарил 5 милиони долари.

Бил Бентер

На крајот од оваа листа го имаме Бил Бентер кој веројатно е најбогатиот коцкар на сите времиња. Роден во 1957-ма година, тој е жива легенда со освоени повеќе од една милијарда долари претежно од обложување на коњски трки.

Откако го извежбал броењето карти, со помош на книгата на гореспоменатиот Торп, Бил се фокусирал на коњските трки во Хонг Конг во 1980-тите. Заедно со математичарот Алан Вудс, Бентер развил софтверски модел кој анализирал разновидни податоци за да ги предвиди исходите од трките. Овој модел бил доста успешен и надрградуван со текот на годините.

Тој заедно со својата група обложува околу 100 милиони долари годишно, а Бентер заработува милиони секоја години. Само во 2001 година на една трка во Хонг Конг има освоено околу 118 милиони долари. 

За разлика од повеќето коцкари кои обложуваат високи суми, успехот на Бентер доаѓа од неговата статистичка прецизност и дисциплината.

12.03.2025 - 11:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега