Најпознатата шпионка ослободена од затвор по 20 години

Поранешната американска воена разузнавачка аналитичарка Ана Белен Монтес, која беше осудена за шпионирање за Куба пред 20 години, е ослободена од федералниот затвор во Форт Ворт, Тексас.

Веб-страницата на Федералното биро за затвори објави дека Ана Белен Монтес (65) е ослободена во петокот.

Таа беше аналитичар на американската воена разузнавачка агенција, а беше уапсена во септември 2001 година и осудена за шпионажа во корист на Куба.

Монтес се изјасни за виновна во 2002 година како дел од спогодбата за признавање на вината со федералните обвинители и беше осудена на 25 години затвор.

Призна дека на кубанските власти им го открила идентитетот на американските тајни агенти и и се заканувала смртна казна.

Откако беше уапсена во 2001 година, официјалните лица рекоа дека таа речиси целосно ги разоткрила американските разузнавачки операции на островот, додека еден рече дека е меѓу „шпионите кои направиле најмногу штета“, а биле фатени од САД.

08.01.2023 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега