Најново соопштение на МУП за потрагата по телото на Данка Илиќ

 


Во потрагата се вклучија и 50 припадници на Жандармеријата, стои во најновото соопштение на МУП за потрага по телото на Данка Илиќ.

Припадници на МВР, Службата за сузбивање криминал при Управата за криминалистичка полиција, заедно со колегите од Бор и полициски службеници од СВР Бор, интензивно работат на пронаоѓање на телото на двегодишното девојче и утврдување сите факти и околности поврзани со овој случај.

Исто така, во потрагата од селото Злот до местото Шумраковац се вклучија и 50 припадници на Жандармеријата, а акцијата за пребарување на теренот ја води началникот на полициската управа Бор Зоран Милијиќ.

Да потсетиме, откако беше пријавено исчезнувањето на 26 март, во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои интензивно работеа на детална потрага на поширокото и потесното подрачје во овој дел на Бор. 

13.04.2024 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега