Најмоќната вежба за бутови и задник: Го уништува целулитот, ги топи маснотиите и ги затегнува мускулите за 2 недели
Симнувањето маснотии од бутовите е најтешкиот дел од слабеењето. На нозете најчесто маснотиите и најдолго се задржуваат и покрај правилната исхрана. Меѓутоа, постои решение за овој проблем. За да постигнете феноменални резултати, доволна ви е само една вежба.
Станува збор за исчекорите, вежба што го трансформира изгледот за само 2 недели. Постојат неколку варијации на оваа вежба, а најдобро би било тие да се комбинираат во текот на еден тренинг.
Покрај бутовите, исчекорите ги зајакнуваат и мускулите на задникот. Оваа вежба е креирана за да ја подобри кондицијата, но и да ја зголеми силата и да ги подобри стабилноста и држењето, а доволно е да се прави само 10 минути во текот на денот.
Исчекорите многу брзо даваат одлични резултати, па веќе по 2 недели ќе забележите дека нозете и задникот ви изгледаат поубаво. Многу е важно да ги изведувате правилно, бидејќи во спротивно може да дојде до повреди.
Кога ќе ја изведувате оваа вежба, обидете се да го држите грбот исправен и да гледате точно пред себе.
Во следново видео можете да видите како изгледа еден тренинг:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа