Најмоќна комбинација за имунитет: Испијте го наутро на празен стомак и заборавете што значи болест
Имунолошкиот систем е загрозен од бројни фактори како стрес, недостиг на сон, лоша и неурамнотежена исхрана, вируси, бактерии...
Поради сето тоа, на имунитетот му е неопходна константна дополнителна грижа за да остане зачуван и да го штити вашето тело од сите надворешни и внатрешни “непријатели”. Затоа е потребно да му обезбедите добар “материјал” за да може на најдобар начин да ја врши својата работа.
Да не го заборавиме најважното – имунолошкиот систем е клучен во борбата против слободните радикали кои се помеѓу водечките причинители на канцер, а е од витално значење и за зачувување на интегритетот на здравите клетки на организмот.
Денеска ви претставуваме традиционален рецепт кој ќе го зајакне вашиот имунитет, а истиот е сочинет од 3 потполно природни состојки.
Сè што е потребно е наутро кога ќе станете, на празен стомак да испиете мешавина која содржи 1 лажичка кокосово масло, 1 лажичка органски цимет, црн мелен бибер (на врв на лажичка) и 1 лажичка млака вода. Смесата промешајте ја и испијте ја, а потоа не појадувајте во наредните 30 минути.
Освен што ќе го зајакне вашиот имунитет до максимум, оваа мешавина ќе го обложи вашиот желудник и ќе ги намали евентуалните тегоби со варењето или желудочната киселина, благодарение на кокосовото масло кое има благотворно дејство врз желудочната флора.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа