Најмногу дожд наврна во Демир Капија, а тука натрупа најмногу снег

Најмногу дожд, 55 литри на метар кавдратен, во изминатите 24 часа наврна во Демир Капија, во Гевгелија 47, во Маврово 24, Струмица 19, а 15 литри во Скопје, соопшти УХМР.

Снежна покривка од три сантиметри има во Маврово, а еден сантиметар во Лазарополе.

И денeска ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег каде што снежната покривка ќе се зголеми. Наместа и особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м²). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

01.12.2022 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега