Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира за измерените врнежи од дожд во изминатите 9 часа, заклучно со 16 часот попладнево.
Најмногу дожд наврнало во Демир Капија и Маврови Анови – по 16 литри на метар квадратен.
Следуваат:
- Битола: 15 литри
- Гевгелија: 9 литри
- Пожаране: 8 литри
- Кавадарци: 7 литри
- Скопје – Зајчев Рид, Велес, Прилеп, Лазарополе, Претор, Тополчани: 5 литри
- Ѓуриште: 3 литри
- Тетово: 2 литри
- Штип, Струмица, Охрид и Берово: по 1 литар
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе преовладува магловито време со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер.
Утре (сабота) ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд. УХМР најавува дека врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови на земјата, каде локално може да надминат 40 литри на метар квадратен за 24 часа. Во утринските часови можна е појава на магла во одредени котлини, а ќе дува слаб до умерен, повремено засилен северен ветер.
Минималната ќе биде од 6 до 10 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.
Во Скопје, утре ќе биде облачно со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 9 (минимална) до 12 (максимална) степени.

