Најмладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, 20-годишниот Круз, ја изгубил возачката дозвола откако добил две казни за пребрзо возење.

Според извори за Дејли Меил, Круз добил казни за пребрзо возење во зони со дозволена брзина од 32 км/ч.

-Денес е лесно да се добие казна во такви зони, што може да биде многу фрустрирачко, истакнува изворот.

Една од казните му била издадена на 2 септември оваа година, за што самиот Круз ги информирал своите следбеници на Инстаграм, признавајќи дека возел со 38 км на час во зона со ограничување од 32 км на час.

За да може повторно да вози, Круз ќе мора да помине низ целиот процес од самиот почеток – да аплицира за привремена дозвола и повторно да го положи теоретскиот и практичниот тест. Патем, најмладиот Бекам ја добил својата прва возачка дозвола во септември 2023 година.

Exit mobile version