Најмалку 140 лица загинаа во експлозија во Нигерија

 

Бројот на загинати луѓе во експлозијата што се случи во северниот дел на Нигерија се искачи над 140.

Инцидентот се случи кога жителите почнаа да собираат гориво кое истекло од превртена цистерна.

-Речиси 140 луѓе беа ставени во масовна гробница, а останатите беа погребани на друго место, истакна шеф на Националната агенција за управување со вонредни состојби во регионот, рече Нура Абдулахи.

При експлозијата повредени се 50 луѓе и се хоспитализирани.

16.10.2024 - 18:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега