Најголема излезеност во Крива Паланка, во Центар Жупа најмал одѕив до 17 часот

Според последните извештаи на Државна изборна комисија, во Неготино излезеноста изнесува 51,50 проценти, и своето право на глас го искористиле 8.182 избирачи.

Веднаш зад Неготино е Демир Капија со 50.41 процент на излезеност, а досега гласале 1.648 лица. Во Кавадарци излезеноста е 46.97 проценти, односно гласале 15,157 избирачи.

 Најмал е одѕивот во Центар Жупа со 16,63 отсто.

Одѕивот на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 отсто.

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски рече дека овој одѕив е задоволителен. До 17 часот на гласање излегле вкупно 703.597 гласачи. 

Гласањето се одвива мирно, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега