„Најголема болка осетив во моментот кога прочитав дека не си дал никаков отпор“: Другарката на Тот не може да се помири со изгледаното видео

 

Смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот ја вознемири целата македонска јавност, дополнително откако и на виделина „протече“ вознемирувачко видео, снимка од безбедносни камери на кои можеше да се забележи како всушност ракометатот починал.

По ова се огласи и неговата добра пријателка од Македонија, Стефанија Трајческa, на својот „Инстаграм“ профил, каде напиша:

„Најголема болка осетив во моментот кога прочитав дека ни си дал никаков отпор. Тоа е затоа што си ти. Затоа што не си таков човек, воопшто не ме изненади, напротив уште повеќе ме боли што им дозволи и што остана душа од човек до последен здив. Знам дека си на помирно место во кое што нема никаква злоба како на овој свет, мил мој пријателе… До наредно видување. „Тужно лето“ секогаш ќе биде наша песна!

Те молам мавни ми од зад облаци, а мене времето ќе ме научи како да се носам со оваа болка и неправда“, пишува Трајческа.

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by STEFI TRAJCHESKA (@stefitrajceska)

12.04.2022 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега