Најдобар трик за чистење на загорени садови: Сите ваши проблеми ќе исчезнат за момент

Загорените садови се голем проблем што ги мачи денешните домаќинки, особено сега за време на новогодишните и божиќните празници кога се подготвува повеќе храна од вообичаеното.

Без разлика дали подготвувате едноставен појадок во тава или новогодишни благи задоволства или пак празничен ручек, честопати остатоците од храната остануваат во тавата за печење или пржење, во текот на подготовката.

Британскиот Мирор откри одличен трик за тоа како да го вратите сјајот на садовите и да се ослободите од тврдокорните наслаги.

Најпрво, садот со маснотии од храната наполнете го со врела вода.

Оставете неколку минути, а потоа испразнете го. Но, не го сушете.

Потоа истурете сода бикарбона во садот, особено на деловите каде што има остатоци од храна или каде што плехот е изгорен.

Додадете слој сол над содата - најдобриот ефект го дава крупната морска сол.

Потоа истурете бел или јаболков оцет во празно шише со прскалка и испрскајте го садот.

Кога ќе се појават меурчиња, земете влажен сунѓер и жица и добро изрибајте го садот за печење за да ги отстраните дамките и нечистотијата.

Ќе видите како се формираат меурчиња, и по пет до десет минути чистење, исплакнете го садот со вода.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2020 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега