Најдобар напиток за летово - исецкана лубеница измешајте со една билка и ќе ве разлади за секунда
Нема ништо подобро од лубеница на лето, а напитокот од неа ќе ни ги олесни жешките денови.
Се што ви е потрено е лубеница и малку нане и добивате пијалок кој сигурно ќе ве освежи.
Потребни состојки ви се;
150 грама лубеница на коцки, без семки
6 гранчиња нане
5 чаши вода со мраз
Исецката лубеница ставете ја во бокал. Малку здробете ги листовите нане за да пуштат арома, па измешајте ги со лубеница. Потоа во бокал ставете ја водата со мраз и оставете да стои во фрижидер најмалку 2 часа пред конзумирањето.
31.07.2020 - 15:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа