Close Menu
Press24
    Најново

    Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот

    03.08.2026 во 10:51

    Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи

    03.08.2026 во 10:46

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот
    • Дневен хороскоп: Кои знаци ги чекаат деловни предизвици, а кои финансиски анализи
    • СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа
    • ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има нови отстапки од идентитетот за евроинтеграциите по ниедна цена
    • СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Уште во 2020 година водата во Гостивар не била за пиење, зошто Филипче молчел
    • СДСМ: Водата во Гостивар две години не била за пиење
    • СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, народот го третира како „талог“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најдено е решение за бездомниците од Вардариште – ќе се изградат типски куќи, вели Велковски

    Најдено е решение за бездомниците од Вардариште – ќе се изградат типски куќи, вели Велковски

    02.12.2025 во 15:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Освен на депонијата Вардариште и на други локации во Скопје се мапирани бездомни лица. Заменик министерот за социјална политика, демографија и труд, Ѓоко Велковски вели дека за нивно сместување веќе е најдено решение и ќе се решава проблемот по примерот на изградбата на типските куќи во штипската населба Мирјанина Црква.

    – Има повеќе локации, каде што имаме ваква појава, во Визбегово имаме, имаме во Бутел една таква дива населба. „Ранка Милановиќ“ поранешниот Дом за деца исто така и Вардариште, којшто беше пред самите избори. Пратена е информацијата на Влада, со конкретни чекори и активности, со акциски план комплетен, рече Велковски во одговор на прашање при денешното означување на почеток на градба на нова градинка во Ѓорче Петров.

    Тој додаде дека не е само луѓето да бидат дислоцирани од овие локации, туку треба да се изградат станбени капацитети, во кои ќе се сместат лицата од овие локации, кои немаат свои домови.

    – Треба да се обезбедат пари, со овој Акциски план за да можат овие лица, соодветно да бидат дислоцирани од локациите, каде што сега се дивонаселени и живеат. Така што информацијата веќе е на Влада, во процедура е, посочи Велковски.

    Тој истакна дека овој процес е малку подолготраен, бидејќи е поврзан со решавање на станбеното прашање на бездомните лица, кои живеат на неколку локации. Велковски како позитивен пример го посочи Штип, каде што во новите типски куќи изградени со средства од ЕУ и од буџетот на Општина Штип веќе неколку дена се вселени 36 семејства, кои живееа во субстандардни услови на две локации во Штип. 

    Прочитај повеќе

    Пеколно утро во Македонија: 25 степени измерени уште во 8 часот

    03.08.2026 во 10:51

    СДСМ: Што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа

    03.08.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.