Најава за масовно самоубиство: Српското МВР ги предупреди родителите да ги следат децата на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи на Србија проверува потенцијално опасна содржина за деца и млади на одредени социјални мрежи и апелира до родителите да ги следат активностите на нивните деца на тие мрежи, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи наведува дека било информирано за информациите кои кружат на една социјална мрежа, а кои се однесуваат на групно самоубиство на млади луѓе и дека тие ја проверуваат валидноста на тие предупредувања на територијата на Србија.

Претходно Министерството за внатрешни работи на Република Српска ги предупреди родителите да обрнат внимание на содржината што нивните деца ја следат на социјалните мрежи, откако полицијата доби известување од Интерпол дека на ТикТок се споделува содржина со потенцијално опасни последици за младите.

Предупредувањето се однесува пред се на локалната група „ТикТок“ во Русија, но Министерството за внатрешни работи на РС соопшти дека е потребна максимална претпазливост за да се спречат какви било негативни последици.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега