Владата на Србија утрово на вонредна седница донесе радикална мерка – целосна забрана за извоз на нафта и сите нафтени деривати. Одлуката, која стапува на сила веднаш и ќе трае најмалку до 19 март, има за цел да го спречи преливањето на глобалниот енергетски хаос врз српските граѓани и стопанство.
Министерката за енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, појасни дека ова е неопходен чекор поради драстичните нарушувања на светските берзи.
„Суштината е да го заштитиме нашиот пазар од недостиг и енормни скокови на цените. Србија во моментов ги држи цените на дериватите под нивната реална берзанска вредност и сакаме тоа да го одржиме“, изјави министерката.

