Ново поскапување на дизелот, а многу помал раст кај бензините е најреалното сценарио за утрешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Иако суровата нафта во втората половина од неделата поевтинуваше и Брентот од над 108 се спушти кон 104 долари за барел, цените на рафинираните горива, според кои РКЕ ја прави пресметката, останаа високи.

Најголем притисок има кај дизелот. Индикативните медитерански котации за 10 ppm дизел во изминатите пет работни дена во просек се околу 1.595 долари за тон, што е приближно 6,8 проценти повеќе од просекот од претходната недела. Дополнителен притисок создава и доларот, кој во однос на денарот неделава во просек е посилен за близу еден процент.

Кај бензините состојбата е многу помирна. Просечната цена на рафинираниот бензин на медитеранскиот пазар неделава е повисока за околу еден процент, па заедно со посилниот долар тоа остава простор за поскапување, но значително помало од она кај дизелот.

Ако до утрешната одлука нема нова владина интервенција, пресметката покажува дека дизелот би можел да поскапи значително повеќе од бензините.

Ценовниот удар и овој пат ќе биде ублажен со владините мерки. За дизелот во пресметката останува намаленото ДДВ од 10 проценти и за четири денари пониската акциза, додека кај бензините акцизата е намалена за два денари за литар. Без овие мерки, особено дизелот би бил значително поскап.

Конечната пресметка сепак ќе ја направи РКЕ врз основа на официјалните Platts котации и средниот курс на доларот

Exit mobile version