Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави новите малопродажни цени на горивата, кои стапуваат на сила од полноќ.
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапеа за 1 денар по литар. Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,5 денари по литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остана непроменета. Мазутот М-1 НС, пак, поевтини за 0,806 денари по килограм и се продава по 35,621 денари за килограм.
Регулаторите соопштуваат дека корекциите се резултат на движењата на нафтените деривати на меѓународните берзи и курсот на доларот.
Цената на бензинот и дизелот никогаш не била поблиску во последните повеќе од една ипол година. Најблиску дизелот и бензиниот со цените биле во февруари 2024 година кога разликата меѓу нив била 1,5 денари. Тогаш бензинот се продавал за 79,5 денари а дизелот за 78,5 денари по литар. Во моментов дизелот и бензинот се 2,5 денари разлика а од полноќ дизелот е поевтин за 3 денари од дизелот.

