Надојдената вода направи притисок на мостот на Пчиња во Скопје - ЦУК информира за состојбата

 

Обилните врнежи од дожд во претходните денови предизвикале зголемување на нивото на водата во речното корито на реката Пчиња. Големиот доток на вода во речното корито низводно нанел пообилна количина дрвна маса и тие вршат притисок на столбовите, заедно со водата, на мостот пред влезот на селото Бадар во Општина Петровец.

Ова известување, како што информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), го добиле од повеќе граѓани.

- Покрај со јавувања на 112 во ЦУК, со допис до ЦУК граѓаните укажуваат дека мостот е поприлично стар и веќе некои од столбовите се закосени, со што постоеше голема веројатност поради големиот притисок од водата и насобраната дрвна маса околу столбовите тие да се срушат. Секторот за операции и координација при ЦУК со допис ги извести надлежните институции, Општина Петровец и АД Водостопанство за преземање на мерки и активности за надминување на настаната состојба и отстранување на опасноста. Денеска, од Општина Петровец и АД Водостопанство сме известени дека од нивна страна е ангажирана соодветна механизација и дрвјата се исчистени од речното корито, се наведува во соопштението од ЦУК.

 

09.04.2025 - 11:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега