Надбискупот конечно проговори и ја откри лагата на Меган и Хари за венчавката

Надбискупот од Кантербери за првпат по интервјуто кое принцот Хари и Меган Маркл ѝ го дадоа на Опра Винфри, јавно го коментираше нивното тврдење бидејќи тој ги венчал на тајна церемонија неколку дена пред јавната венчавка во замокот Виндзор, пишува „Дејли мејл“.

За италијанскиот весник „Ла Република“ во текот на промоцијата на својата нова книга Џастин Велби ги негираше нивните изјави, велејќи дека тој го потпишал документот точно на денот кога милиони луѓе ја следеле нивната венчавка.

– Легалната венчавка беше во саботата, на 19 мај 2018 година во капелата Свети Џорџ – рекол надбискупот.

– Го потпишав венчалниот лист, што е правен документ, и би направил сериозен прекршок кога би потпишал нешто знаејќи дека е лажно. Затоа, кажете што сакате, но легалната венчавка беше во саботата – рекол надбискупот, откривајќи дека пред самата венчавката со кралската двојка имал многу приватни и пасторални состаноци.

„Сепак, нема да откријам што се случуваше на претходните состаноци“, порачал тој.

Да потсетиме, пред три недели Меган во интервјуто изјави дека таа и Хари се венчале сами во дворот и дека со нив бил надбискупот од Кантербери.

Изјавата на Хари и Меган, кои сега се целосно ослободени од своите кралски должности, предизвика сомневање во јавноста, делумно затоа што за законски брак во Велика Британија потребни се двајца сведоци.

Портпаролот на двојката за американскиот „Дејли бист“ изјави дека двојката разменила лични завети неколку дена пред официјалната венчавка на 19 мај.

Но, размената на заклетвата не значи и склопување на брак, а Хари во интервјуто рече дека „биле само тројца“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2021 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега