Над два милиони лица во светот починаа од ковид-19

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во светот починале над два милиони луѓе, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс. Во голем број на држави во светот е започнат процесот на вакцинација на населението протв ковид-19.

 

Во богатите земји како САД, Велика Британија, Германија, Канада, Израел веќе се вакцинирани преку 10 милиони лица. Но, затоа имунизацијата во сиромашните земји оди со значително побавно темпо.

Стручњаците предупредуваат дека некои земји ги очекува уште едногодишна борба со коронавирусот.

САД, со 390.000 случаи, се лидери во светот по бројот на смртност од ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа