Над 70% од матурантите ја бојкотираат наставата

Сојузот на средношколци денеска соопшти дека бојкотот на наставата е успешен.

- Во четврток (21 јануари) бојкотираа 78% од матурантите, а во петок (22 јануари) 71%. Причината за овој надолен тренд се притисоците и заканите од страна на училишните директори и наставници врз учениците. Ваквите појави ги кршат средношколските права, Конвенцијата за човекови права и Уставот на РСМ. Ги повикуваме средношколците да ги пријават сите притосоци врз нив, а истите ќе бидат соодветно документирани од наша страна. Истовремено ги демантираме лажните вести дека ССРСМ и МОН постигнале договор. Таквите вести се комплетно неточни и имаат за цел да ја дефокусираат јавноста и, многу поважно, матурантите. Наместо ширење лажни вести, властите треба да се соочат со аргументите на Сојузот и да ги прифатат нашите барања, велат од Сојузот на средношколци.

Бојкотот продолжува и од утре.

Инаку, денеска на средношколците поддршка им даде и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Учебната година почна со еден месец задоцнување, и часот трае 30 до 35 минути, што значи скратување на наставните денови од 180 на најмалку 159 и од 166 на најмалку 145 за матурантите. Средните стручни училишта останаа со минимална или никаква пракса. Во наставниот процес се појавува како кусок на содржини, така и настава без повторување, а да не зборуваме за она што веќе многу пати е кажано, техничките потешкотии и пропустите во онлајн наставата. На учениците вклучувајќи ги и матурантите министерката Мила Царовска им вети скратени програми. На веб-страницата на Државниот испитен центар се објавени испитните програми за матурантите 2020/2021 година, истакна на прес-конференција Милка Тримчевска од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега