Над 600 активни случаи - општина Аеродром со најмногу заразени лица во Скопје

Министерството за здравство информираше дека денеска биле регистрирани 404 новозаразени лица со коронавирус во Македонија, 182 пациенти оздравеле, а 14 починале.

Според информации на МЗ најмногу активни случаи во моментов има во: Скопје - 3.388 лица, Тетово - 395 и Струмица - 419 активни случаи.

Мини жариште во главниот град претставува општина Аеродром, каде бројот на активни случаи е над 600. После неа се Карпош со 522 и Центар со 507 активни случаи во моментов.

Во Чаир кој на почетокот на пандемијата имаше најмногу заразени, сега има 167 активни случаи.

Дистрибуцијата по општини во Скопје е следна:

• Чаир – 167
• Гази Баба – 420
• Аеродром - 656
• Карпош – 522
• Центар – 507
• Кисела Вода – 395
• Ѓорче Петров – 276
• Бутел - 140
• Шуто Оризари – 25
• Студеничани – 7
• Сарај – 21
• Арачиново – 10
• Илинден – 61
• Сопиште – 27
• Чучер Сандево – 14
• Петровец –20
• Зелениково - 8
 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега