За вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица, информираат од Министерството за здравство.
Вакцинацијата, како што се наведува во соопштението, се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар.
-Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи, велат од Министерството за здравство.
Во организација на Министерството, превентивни тимови од здравствени установи низ државата започнаа со вакцинација против сезонски грип и во домашни услови, на повозрасни и неподвижни лица, како и лица со попреченост.
Во прилог табела со контакт-телефони за закажување сезонска вакцинација против грип во домашни услови.
ЈЗУ Контакт телефон
Здравствен дом Берово
078-447-603
Здравствен дом Битола
072-272-186
Здравствен дом Македонски Брод
075-443-285
Здравствен дом Валандово
034/382-017
Здравствен дом Вевчани
078-436-932
Здравствен дом Виница
033/361-311
Општа болница со проширена дејност Гевгелија
071-966-999
Здравствен дом Гостивар
070-357-933
Општа болница со проширена дејност Дебар
078-243-814
Здравствен дом Делчево
075-317-114
Здравствен дом Демир Хисар
078-272-395
047/276-211
Општа болница со проширена дејност Кавадарци
078-314-840
Здравствен дом Кичево
045/228-825
Општа болница со проширена дејност Кочани
076-395-609
Здравствен дом Кратово
078-364-567
Здравствен дом Крушево
078-315-487
Здравствен дом Куманово
075-239-134
Здравствен дом Липково
070-209-956
Здравствен дом Крива Паланка
031/372-616
Здравствен дом Неготино
072-270-403
072-270-402
Здравствен дом Охрид
070-366-560
Општа болница со проширена дејност Прилеп
075-353-801
Здравствен дом Пробиштип
075-387-951
Здравствен дом Пехчево
070-372-391
Здравствен дом Радовиш
078-319-145
Здравствен дом Ростуше
070-229-916
Здравствен дом Ресен
071-225-282
Здравствен дом Свети Николе
075-272-841
Здравствен дом Скопје
Поликлиника Ченто – 02/25 22 351
Поликлиника Букурешт – 02/30 63 245
Поликлиника Јане Сандански – 02/24 63 277
Поликлиника Чаир – 02/26 11 506
Здравствен дом Струга
071-272-595
Здравствен дом Струмица
076-290-160
Здравствен дом Тетово
075-207-634
Здравствен дом Штип
078-537-005
Здравствен дом Велес
075-261-286
076-427-069