Над 10 отсто од фирмите не исплатиле плата за февруари

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска бара од Собранието побрзо усвојување на петтиот пакет мерки за помош на економијата. Ова доаѓа откако 10 отсто од фирмите не исплатиле плата за февруари.

Според податоците кои ги презентираше Лукаревска, од 63.948 работодавачи кои поднеле пресметки за февруари, 6.888 не исплатиле плати што е околу 10,7 проценти.

Ова е уште еден апел што побрзо во Собранието да се донесат овие економски мерки за да им се помогне на компаниите и самостојните вршители на дејноста од една страна и од друга страна на работниците да земат плати. Одредени компании ја чекаа помошта и очекуваа дека оваа помош ќе дојде навреме рече Лукаревска.

Засега, рече Лукаревска, до овие работодавачи се доставени само опомени, но таму кај што ќе бидат утврдени злоупотреби ќе бидат преземени соодветни мерки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2021 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега