Нацев: СДСМ не ја води Владата, туку е во целосно заложништво на ДУИ
Универзитетскиот професор Александар Нацев кој е член на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираше со пратеникот од СДСМ Миле Талевски.
Нацев кажа дека владата не е предводена од СДСМ, туку дека оваа паритја е заложник на ДУИ. Нацев му се обрати на Талевски.
„Ако дојдеме на власт, ќе се обидеме да смениме она што вашиот лидер го потпишуваше со Бугарите. Потпишуваше и прифаќаше се живо и диво. Затоа ние ќе се обидеме да ја смениме таа софиска капитулација. Вие сте заложник на ДУИ, вие не ја водите владата. А, верувам дека тој договор може да се подобри на подобро за нас“, рече Нацев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа