По денешните грмотевици, обилни врнежи и валкан дожд со песок од Сахара, Србија се подготвува за драстичен временски пресврт. Утре, во вторник, се очекува изразен студен фронт кој ќе ја зафати целата земја во попладневните и вечерните часови, со што температурите драматично ќе паднат за 10 степени.
Шок околу 15 часот: Се очекуваат урагански ветрови
Иако денот ќе започне со пријатни температури, околу 15 часот студен фронт од Хрватска ќе продре во северозападна Србија, а до крајот на денот ќе ја премине целата земја. Промената на ветерот ќе биде придружена со локални бури, а во сите области се очекуваат силни налети од 70 до 100 км/ч. На некои места ветерот ќе има сила на ураган со брзина од дури 120 км/ч, што може да предизвика материјална штета.
Снег на планините и студено време
Како резултат на продирањето на студената воздушна маса, во вторник доцна навечер и во текот на ноќта, на планините на југ и југозапад од Србија, дождот ќе премине во снег во пределите над 1200-1400 метри надморска височина.
Во среда наутро не очекува многу студено време со температури од 4 до 8 степени. На југот од Србија ќе има слаб дожд, а на планините снег, каде температурата ќе се спушти до -3°C. Во текот на денот ќе биде сончево, но свежо со температури околу 15 степени.


