На сметка му легнале скоро 10 милиони денари, ама не ги пријавил кај надлежните

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Б.(54) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување".

Пријавениот, во текот на 2021 на неговата трансакциска сметка примил 9.714.945 денари, но не пријавил и платил данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот остварен доход. Односно Ф.Б. не поднел задолжителна годишна даночна пријава до УЈП и не платил данок на личен доход од 971.494 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија.

28.09.2022 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега