На слава во Прилеп 12 гости се затруле од плескавици

Дванаесет гости на куќна слава во Прилеп, завршиле во болница, откако се затруле од месо што го јаделе на прославата, објави „Слободен печат“.

Тројца од гостите веднаш биле пуштени на домашно лекување со терапија, а деветмина биле третирани во дневната болница.

Директорката на ДСЗИ, доктор Ирина Сотирова Бухова вели дека постои сомнежот оти причината за труењето е месо што било купено од месарницата „Харизма“ во Прилеп, а сите 12 пациенти имале симптоми на алиментарна токсоинфекција.

04.08.2021 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега