Меѓународниот аеродром Скопје денеска испишува нова страница во своето работење, достигнувајќи ја бројката од три милиони опслужени патници во текот на една година.

Според најавите од ТАВ Македонија, јубилејниот, тримилионити патник е регистриран на летот кој сообраќа на релација Скопје – Бари.

Ова е значаен индикатор за растот на авиосообраќајот во земјава и зголемениот број на патувања преку скопскиот аеродром.

Exit mobile version