На сила упаднале во стан во Аеродром каде имало 3 лица - еден претепале и одзеле мобилни

На 01.02.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.01.2023 околу 04.30 часот три лица со употреба на сила влегле во стан на подрачјето на Аеродром, каде престојувале Х.М.(23) од Прилеп, С.Ј.(22) од Струмица и Д.А.(21) од Велес, физички го нападнале Х.М. и со закана од тројцата одзеле мобилни телефони, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.

02.02.2023 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа